1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
8 фотографии
Б. Георгиевски18 април 2016
https://p.dw.com/p/1IXdY

По паузата во неделата од денеска низ повеќе градови во Македонија продолжуваат протестите. За правда, слобода и демократија во Република Македонија е мотото под кое викендов протести се одржаа и во Њујорк и Вашингтон.

Во Македонија, освен во Скопје, веќе се протестира и во Битола, Велес и Струмица. За денеска е најавено дека #протестирам ќе се прошири и во Куманово и Штип.

Партијата на етничките Албанци во Македонија, Беса најави дека од денеска исто така ќе им се приклучи на протестите.