1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите во Сирија повторно задушени

29 октомври 2011

На протестите по петочната молитва во Сирија се убиени најмалку 36 лица, јавуваат активистите за заштита на човековите права. Делегација на Арапската лига пак го осуди „постојаното убивање цивили“.

https://p.dw.com/p/131Tr
Протести во СиријаФотографија: dapd

Во Хомс, седиштето на протестното движење во Сирија бил насилно растурен протестен марш на околу 20.000 луѓе, при што биле убиени 20 цивили, јавува канцеларијата за набљудување на човековите права во Сирија.

Канцеларијата за набљудување во Лондон јавува дека во централно сирискиот град Хама биле убиени 12 цивили од страна на силите за безбедност. Според нив во градот имало и вооружена пресметка со веројатно дезертери на армијата. Исто така во Кусеир во регионот Хомс и во регионот Идлеб биле убиени по еден цивил. Уште две жртви биле регистрирани во Тсил во јужната провинција Дара. Ширум земјата биле уапсени 500 лица, соопшти канцеларијата за набљудување.

Syrien Opposition Nationalrat Damaskus
Сириската опозицијаФотографија: picture alliance/dpa

Комитет на Арапската лига вчера го осуди „перманентното убивање цивили“ и го повика претседателот Башар ел Асад да се заложи за заштита на цивилите. Комитетот во средата во Дамаск се сретна со Асад, а утре треба да оствари средба со сириските претставници во Катар, за да се изнајде излез од сириската криза.

Портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин изрази загриженост по последниот бран насилство во Сирија. „Меѓународниот политички притисоок мора уште еднаш значитено да се зголеми, за сирискиот режим конечно да го смени курсот“, појасни портпаролот.

Противниците на сириската влада, на нивната страница на Фејсбук вчера повикаа да се излезе на улица за да се воведе зона за забрана за летови, слично како во Либија. Забраната за летови, која би ја вовела меѓународната заединица, би требало да и овозможи на „Слободната армија на Сирија“ да преземе акции против силите за безбедност на претседателот Башар ел Асад, се вели во објавата. Т.н. Слободна армија на Сирија е вооружена опозициска група. Војниците дезертери во јуни годинава објавија дека е формирана оваа група.

Syrien Proteste Oktober 2011
Барање за воведување зна за забрана за летовиФотографија: picture-alliance/dpa

Според податоците на опозициските локални комитети за координација, кои играат важна улога во организација на протестите, силите за безбедност опколиле повеќе џамии во центарот на главниот град Дамаск, за да спречат протести по петочната молитва. Во Дамаск досега речиси не се одржуваа протести. Според податоци на ОН, од почетокот на протестите на средината на март биле убиени околу 3.000 луѓе, повеќето од нив цивили.

Автор: АТ/ афп/ ројтерс

Редактор: Борис Георгиевски