1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Росток

2 јуни 2007

Повеќе десетици илјади луѓе се собрааа денеска во Росток на протести против претстојниот самит на Г8 во Хајлигендам.Учеството на протестите на противниците на средбата на шефовите на 7-те индустриски најразвиени земји и Русија е помало од очекуваното.Полицијата смета дека се собрани околу 30 илјади,а се очекуваа околу 100 илјади учесници.

https://p.dw.com/p/Anre
Фотографија: AP

Уште од утрото во градот почнаа да пристигнуваат преполни вонредни возови и автобуси.

Еден од организаторите,невладината организација Атак, најави дека очекува протестите да протечат мирно.Претставник на полицијата соопшти дека засега нема никакви инциденти.

Вернер Рец од координативниот круг на Атак меѓутоа предупредува од десноекстремните припадници на НПД,кои исто така се упатија на протести во Росток:

“Нацистите овде не се пожелни,ние едноставно ќе ги исфрлиме”,изјави Рец.

Десноекстремната партија НПД претходно упати жалба до Уставниот суд поради забраната за демонстрации во Шверин за денеска.Уставниот суд соопшти дека нема да донесува одлука за жалбата денеска по итна постапка,на што партијата повика на децентрализирани,спонтани демонстрации а автобусите на НПД се упатија кон Росток,но и кон други градови.

Полицијата во Росток соопшти дека не може да ги задржи десните екстремисти на демонстрациите во градот,кои се уредно најавени,но ги има посебно на око.

Учесниците на протестите во Росток,противниците на глобализацијата инаку носат меѓу другото знамиња и транспаренти на кои е испишано мотото на демонстрациите:Можен е поинаков свет.

Светот кој го формираат Г8 е свет на војни,глад,општествени поделби,уништување на природната средина и бариери против мигрантите и бегалците,стои во памфлетот кој се дели по улиците.Самитот на Г8 инаку ќе се одржи од 6 до 8 јуни во Хајлигендам,акде важат посебни безбедносни мерки и ни одблизина не можат да се приближат демонстрантите.

Министерот за внатрешни работи на покраината Баварија Гинтер Бекштајн пак изрази неразбирање за револтот на демонстрантите кои не можат да се приближат до Хајлигендам,каде ќе се одржи самитот на Г8

“Тоа е нешто што може да деескалира,а јас с енадевам дека нема да дојде до дополнително емоционализирање на демонстрантите,зашто е јансо дека шефовите на државите и владите секако нем ада ги видат лично демонстрантите,туку ќе ги доживеат само преку медиумите”,изјави Бекштајн.