1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Процесот против Мубарак се обновува

АТ/ ртр/ дпа/ ап13 јануари 2013

Постапката против соборениот египетски претседател Хосни Мубарак ќе биде повторно отворена. Судот во Каиро го одобри барањето за ревизија против пресудата за доживотен затвор.

https://p.dw.com/p/17J9O
Фотографија: REUTERS

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак беше прогласен за виновен дека не преземал ништо против убивањето на околу 800 демонстранти за време на немирите пред неговото соборување во 2011. година. Повторно ќе биде отворен и процесот против министерот за внатрешни работи Хабиб ел Адли, кој исто така е осуден на доживотна казна затвор.

Против судската одлука имаше жалби од двете страни. Многу противници на долгогодишниот претседател бараа смртна казна, Мубарак и неговиот министер за внатрешни работи Адли бараа ослободување.

Хосни Мубарак беше претседател нa Египет од 1981. година до февруари 2011. година. За време на протестите кои се формираа при т.н. Арапска пролет, тој поднесе оставка. 84 годишниот Мубарак во моментов се наоѓа во болница.

Здравствената состојба на Мубарак значително се влоши во последните месеци. При пад во затворот тој скрши повеќе ребра.