1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Процесот устав мора да продолжи

16 јуни 2006

Германскиот канцелар Ангела Меркел изнесе оптимизам во врска со натамошните преговори за спасување на европскиот устав. Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер исто така се надева на напредок околу уставот. Во меѓувреме, лидерите во Брисел го усвоија предлогот на Европската комисија, Словенија од 1 јануари идната година да влезе во зоната на еврото како 13-та членка:

https://p.dw.com/p/Ac5k
Дебатата за ЕУ-уставот меѓу 2007 и 2008!
Дебатата за ЕУ-уставот меѓу 2007 и 2008!Фотографија: AP

Ако европските лидери научија нешто од референдумите во Франција и Холандија тогаш тоа е следново: проектот Европа премногу се оддалечи од граѓаните. Тој треба да биде помалку апстрактен и поблизок до нив. Германскиот канцелар Ангела Меркел ги разбуди надежите за периодот на германското претседателство во првата половина на идната година:

„Од една страна мораме да ги убедиме граѓаните на Европа дека имаме проекти што ќе донесат повеќе работа и поголем стандард, дека Европа ќе биде силна на светски план. А, од друга, мора да стане јасно дека за тоа ни е потребен устав, односно уставен договор. Од тие причини определивме временски период меѓу 2007 и 2008 година во кој ќе мора да биде донесено решение„.

Ќе мораат да се сочекаат претседателските и парламентарните избори во Франција и Холандија во идната пролет, односно новите политички односи во земјите што гласаа против уставот. А, дотогаш унијата веројатно уште еднаш ќе се прошири: со Романија и Бугарија. Меркел смета дека тогаш Унијата конечно нема да може да функционира со сегашните институции:

„Најдоцна тогаш ќе се покаже и тоа дека на ЕУ и се потребни реформи, зашто со 27 членки нема да биде во состојба што ни е потребна за да бидеме способни за функционирање. Затоа е потребен притисок кој верувам, ќе не поттикне нешто да постигнеме„.

Но, што, ако се знае дека има многумина скептици. Премиерот на Луксембург и ноторен европски оптимист Жан Клод Јункер им се спротивставува на скептиците и воопшто не смета дека сегашниот процес треба да запре:

„Не слушнав никого да каже дека уставот е мртов. Од францускоот и холандското ’НЕ’ го ратификуваа уште шест држави. Значи – продолжуваме„.

Учесниците на самитот, инаку, дадоа зелено Словенија од 1 јануари 2007 година да влезе во зоната на еврото кое таму ќе стане законски платежно средство.