1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проширувањето на НАТО со изменети причини

Бернд Ригерт27 април 2006

Во Софија денеска почнува неформалната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. На дводневниот состанок треба да бидат разгледани стратешките партнерства на алијансата, мисиите на Косово, во Авганистан и Дарфур и темата – проширување.

https://p.dw.com/p/Ae20
САД најмногу притискаат за проширување на НАТО - американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд, на средбата на алијансата во Таормина
САД најмногу притискаат за проширување на НАТО - американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд, на средбата на алијансата во ТаорминаФотографија: AP

Прием на нови членки, за НАТО, во принцип не е ништо невообичаено. Од основањето во 1949 година од страна на 12 земји, досега се примени уште 14 нови членки. Во втората рунда на проширување, во 1955 година е примена тогашната Сојузна Република Германија. Но, причините за проширувањето со текот на времето е радикално променети.

Ако до 80-тите години на минатиот век со повеќе земји членки се настојувало да се озбезбеди што поголема заштита од комунистичкиот блок, сега 17 години по падот на Берлинскиот ѕид се работи за вклучување на поранешните комунистички држави во западната алијанса. Во 2004-та се примени седум држави од поранешниот Источен блок:

“Убедени сме дека последната рунда проширување на НАТО кон југ, го стабилизираше целиот регион на ЈИЕ и го направи побезбеден. ЈИЕ ќе биде првата линија на одбрана на Европа од нови закани“, вели тогашниот бугарски амбасадор во НАТО, Емил Димитров Валев.

Хрватска, Македонија и Албанија се наредните земји од Балканот кои веројатно на самитот на НАТО во 2008-ма ќе бидат поканети да му се приклучат на сојузот. НАТО сеуште не дава конкретни ветувања, со оглед на тоа што напредокот на Албанија во насока на демократија и правна држава сеуште не се смета за доволен. Хрватска би требало да е веќе зрела за влез. САД, кои се водечка земја во НАТО, сакаат прием на сите три држави во блок. Генералниот секретар на алијансата, Јап де Хоп Шефер, со изјава:

“Знам дека земјите кои во различни фази прават напори да станат членки на НАТО очекуваат сигнал од самитот во Рига. НАТО дискутира дали да биде даден ваков сигнал и како тој би требало да изгледа. Мислам дека одговорот ќе биде “ДА“.

Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора треба да можат да станат членки тогаш кога ќе бидат решени етничките конфликти во рамки на двете држави и кога силите на НАТО, односно на ЕУ ќе бидат повлечени од Босна и од Косово.

Пред се, САД се земјата која притиска за што побрз прием на што поголем број членки во алијансата, за да се соберат што е можно повеќе ресурси во борбата против глобалниот тероризам. Франција и некои други земји од НАТО се колебаат и сметаат дека е тоа преголемо оптоварување на алијансата. САД во своите размислувања одат надвор од европските граници. Вашингтон се обидува да ги поврзе поблиску до алијансата и азиските и пацифички земји како Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Во стратешките планови на алијансата, на долг рок, за можно членство е предвиден и Израел.