1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пукотници пред парламентот во Лондон

ЕМФ /агенции
22 март 2017

Во центарот на Лондон попладнево се случи напад, во кој е убиено едно лице, а повредени се повеќемина.

https://p.dw.com/p/2ZkVm
Großbritannien London
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Wigglesworth

Како што изјави претставник на британскиот парламент, пред зградата на парламентот напаѓач повредил еден полицаец, по што бил убиен од страна на полицијата.

Претходно, британските медиуми јавија дека има пукотници пред британскиот парламент. Портпатолот на парламентот за агенцијата АФП изјави дека пратениците добиле упатство да не ја напуштаат зградата. Целиот простор околу зградата на парламентот е блокиран, а луѓето во околината се евакуираат. Би-Би-Си повикувајќи се на полицијата јави дека се верува оти во близина на зградата има сомнителен камион. Од полициски извори се вели дека нападот ќе биде третиран како „терористички, сѐ додека не стигнат поинакви сознанија.“

Großbritannien London
Фотографија: Reuters/S. Wermuth

Од Даунинг стрит е соопштено дека британската премиерка Тереза Меј е на безбедно. Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.