1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин – декрет

15 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BG1Q

НАТО изрази жалење поради решението на рускиот претседател Владимир Путин да го напушти договорот за ограничувањето на конвенционалното оружје во Европа. Претставник на генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер изјави дека НАТО во овој договор гледа камен-темелник за стабилноста во Европа. Слична изјава даде и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. Разочарување во врска со рускиот чекор изрази и американската влада. Според информациите од руското министерство за надворешни работи, напуштањето на договорот ќе стапи во сила по 150 дена, во согласност со неговите одредби. Вратата за договарање не е затворена, се вели во Москва.