1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин: еднострана независност на Косово само со поддршка на Запад

17 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bgkf

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека до еднострано прогласување независност на Косово може да дојде само со поддршка на запад, пренесува денешен „Московски комсомолец“. Според Путин во тој случај запад ќе ја сноси и одговорноста за последиците. Изјавата Путин ја дал на средба со 46 меѓународни политиколози и аналитичари експерти за Русија. Косовските медиуми денеска пишуваат дека ЕУ се подготвува да ја признае независноста на Косово и без резолуција во СБ на ОН, доколку преговорите меѓу Белград и Приштина не дадат резултат. Повикувајќи се на западни извори, весникот „Зери“ пишува дека во Унијата постои поголема подготвеност отколку претходно да се соочи со предизвиците од донесувањето на таква одлука.