1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин: мора трпеливо да се работи со Србија

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao7J

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека решението за Косово треба да биде компромисно и усогласено меѓу двете страни. Тој се заложи и за „упорна и тактична работа со српската страна. „Не исклучувам дека упорна работа со Белград може да доведе до трансформација на некои нивни гледања за Косово“, изјави Путин пред водечките новинари од Г8. Спроред него пронаоѓањето на компромисот за Косово е тешка и сложена работа, но како пример наведува дека Србија и Црна Гора најдоа такво решение кое беше прифатено од сите.