1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин: Ривалите ја подриваат Русија преку исламскиот тероризам

Б. Георгиевски/ртр/афп22 октомври 2013

Рускиот претседател ги обвини „странските ривали“ дека го користат радикалниот Ислам за да ја ослабнат неговата држава, еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во Волгоград

https://p.dw.com/p/1A4Cj
Фотографија: picture-alliance/RIA Novosti

„Некои политички сили го користат Исламот, неговите радикални струи... за да ја ослабат нашата држава и да предизвикаат конфликти на руска почва кои можат да се менаџираат однадвор“, порача Путин за време на средбата со муслимански свештеници во градот Уфа.

Путин не прецизираше на кои „странски ривали“ мисли, но ја портретираше Русија како фактор во преговорите за мир на Блискиот Исток во време на мешање на други држави.

Тој досега во повеќе наврати обвинуваше други држави, меѓу нив и САД, дека се обидуваат да се мешаат во внатрешните работи на Русија.

Руските медиуми денеска јавуваат дека жената која го изврши вчерашниот самоубиствен напад на југот на Русија во кој загинаа шест лица, била подготвувана од својот сопруг- герилец. Тој наводно го подготвил нејзиниот експлозивен појас.

Russland Terroranschlag in Wolgograd Explosion im Bus
Уништениот автобус по нападот во ВолгоградФотографија: Reuters

Полицијата ја идентификуваше 30-годишната Најда Асијалова од северно-кавкаската провинција Дагестан како извршител на нападот. Таа наводно било познато име меѓу кавкаските бунтовници. Нејзиниот сопруг, 22-годишниот Дмитри Соколов е Русин кој конвертирал во Ислам во 2012 година, и оттогаш му се губи трагата. Со Асијалова се запознале преку интернет. Руската полиција го сомничи Соколов дека го подготвил експлозивот и за двата бомбашки напади во главниот град на Дагестан, Махачкала на почетокот на годинава.