1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пуџдемон не сака азил во Белгија

СН /дпа,афп,ртр
31 октомври 2017

Доскорешниот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, обвинет за бунт во Шпанија, нема намера да аплицира за политички азил во Белгија. Но, тој очигледно не сака ни да се врати во Шпанија.

https://p.dw.com/p/2moNL
Pressekonferenz Puigdemont Brüssel
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Повеќедневната криенка заврши. Карлес Пуџдемон, сменетиот каталонски лидер конечно се изјасни за својата иднина. На прес-конференцијата во Брисел, Пуџдемон порача дека не дошол во Белгија за да бара политички азил. Тој изјави дека не бега од правдата, но и оти мерките што ги презеде централната шпанска власт во Мадрид се многу репресивни и дека таквиот пристап нема легална основа. Тој најави дека ќе продолжи да работи и покрај наметнатите ограничувања.

Покрај тоа, Пуџдемон денеска изјави дека треба да се „забави“ каталонската независност за да се спречат немири и додаде дека тој и дел од неговиот кабинет ќе останат во Брисел на неопределено време. Според него, регионалните избори најавени за 21 декември претставуваат предизвик кој доскорешните каталонски власти во целост го прифаќаат.

Пуџдемон вчера пристигна во Брисел, на ист ден кога шпанските обвинители соопштија дека побарале да бидат покренати обвиненија против разрешеното каталонско раководство, вклучително и Пуџдемон, за кревање бунт, одбивање да се признае централната власт и за проневера.

Pressekonferenz Puigdemont Brüssel
Фотографија: Reuters/E. Vidal

Шпанскиот уставен суд, пак, денеска соопшто дека ја суспендирал одлуката на каталонскиот парламент за прогласување независност од Шпанија, додека не ја проучи нејзината легалност. Одлуката на шпанскиот суд следуваше откако претставка до него поднесоа каталонските пратеници, кои се противеа на гласањето за независност.

Независноста на Каталонија беше прогласена со 70 гласови „за“ и 10 „против“ во 135-члениот регионален парламент на шпанската автономна област. Гласањето го бојкотираа пратениците од опозицијата. Шпанскиот суд досега во повеќе наврати пресудувал против обидите за отцепување на Каталонија