1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разочарувачки старт на германските пливачки

15 август 2004
https://p.dw.com/p/Aemb
Германските претставнички досега не се истакнаа во олимпискиот пливачки базен
Германските претставнички досега не се истакнаа во олимпискиот пливачки базенФотографија: dpa

Денеска во натпреварите во стрелаштво со воздушен пиштол победа и златен медал за Украинката Олена Костевич, сребрен за Јасна Шекариќ од Србија и Црна Гора, додека борнзениот медал и‘ припадна на Марија Гроздева од Бугарија. Германските претставнички како да се претплатија на шестото место: по Пфајлшифтер вчера во дисциплината воздушна пушка, денеска и Мункбахјар Дорсјурен со пиштол го повтори истиот пласман.

Пливачките натпревари досега донесоа разочарувања за германските претставници: светската првенка Хана Штокбауер денеска потфрли во квалификациите на 400 метри слободно – го освои четвртото место во својата група со дури 12-то вкупно време и е елиминирана. Македонската претставничка Весна Стојановска исто така го освои 4-тото место. Неуспешен настап имаше и германската првенка Јанин Пич, која не успеа да ги мине квалификациите на 100 метри грбно.

Германската штафета во пливање 4 пати по 100 метри вчера не успеа да ги оствари очекувањата, освојувајќи го 4-тото место. Златниот медал истовремено и со нов светски рекорд го освоија пливачките од Австралија, пред штафетите на САД и Холандија. Златен медал со нов светски рекорд забележа и Американецот Мајкл Фрелпс на патеката од 400 метри градно. Во женска конкуренција победи Јана Клочкова од Украина. На 400 метри слободно најбрз беше Австралиецот Иан Торп.

Германските претставници на првиот ден освоија само еден трофеј – бронзениот медал на 30-годишната џудистка Јулија Матијас во екстралесна категорија за натпреварувачки до 48 килограми тежина.

Матијас по неочекуваниот успех изјави: “Ова ми е всушност втор медал освоен во мојот живот. Во 2000-та година на Европското првенство освоив, како и сега, бронзен медал. Минатата година два пати бев петта на европското и светското првенство. Всушност, се‘ уште не можам да верувам. Горда сум на себе”.

Германските велосипедисти во друмската трка не успеаја да се најдат на подиумот, иако беа сметани за фаворити: Јан Улрих, во Сиднеј победник, на трката по улиците на Атина стигна дури како 19-ти. Ерик Цабел, пак, го освои во спортот најнеблагодарното 4-то место: “По малку е штета – за 4 секунди ми избега бронзениот медал, толку слично како и во Барселона. Но, тоа е животот!”.

По првиот ден од натпреварите и 13 одржани олимписки дисциплини, Кина е најуспешна со четири златни и по еден сребрен и бронзен медал. Потоа следуваат Австралија, Италија и Јапонија.

Светскиот првак во џудо, Иранецот Араш Миресмаили, кој најави дека не сака од политички причини да настапи против израелскиот претставник Ехуд Вакс, најде начин како неказнет да го стори тоа: на мерењето покажа преголема тежина за својата категорија, па не му беше дозволен настап.

Веслачките натпревари од утрешната програма се откажани поради прогнозите за силен ветер во Шиниас, каде е патеката за веслачките регати. Минатата година таму се одржа светското јуниорско првенство во недозволени услови, при што повеќе чамци се превртеа. По тоа искуство, сега е донесено вакво решение, а се разгледуваат различни сценарија, како на пример преполовување на должината на патеката на 1000 метри, само за да се дојде до фер-услови за борбата за медали.