1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракетна одбрана

4 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHB

САД и покрај рускиот отпор остануваат на изградбата на спорниот ракетен одбранбен систем во Источна Европа.Тоа ќе важи и во случај ако во разговорите со Москва не биде постигнат никаков договор,изјави државниот секретар во Министерството за одбрана Ерик Еделман,кој сепак ги потенцираше американските интереси да биде постигнато решение.Така,тој најави подготвеност САД да ги споделуваат податоците од радарските станици со Русија.

САД планираат да стационираат десет ракети за одбрана во Полска,а во Чешка да изградат радарски центар.Русија во проектот што чини околу 3,5 милијарди долари гледа опасност од нова трка во вооружувањето.