1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракетниот штит и Косово:главни камења на сопнување

26 април 2007

Во норвешкиот главен град Осло денеска и утре министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО имаат неформална средба.Во рамките на т.н. Совет НАТО- Русија планирана е средба и со шефот на руската дипломатија,Сергеј Лавров.

https://p.dw.com/p/AbxW
Ахтисари и Шефер во Брисел на разговори за Косово
Ахтисари и Шефер во Брисел на разговори за КосовоФотографија: NATO

Во Осло НАТО министрите за надворешни работи ќе се обидат да ги убедат Русите,кои се стриктно против планираниот американски ракетен одбранбен систем кој Вашингтон сака да го постави во Полска и во Чешка,значи во поранешните држави од Варшавскиот пакт.Но,и во самиот НАТО постои поделба на тема ракетна одбрана.Американците минатата недела само со долго убедување и објаснувања можеа да обезбедат официјална согласност на Алијансата,иако генералниот секретар Јаап де Хоп Шефер настапи така како никогаш да немало сомнеж:

"Јасно е и одново беше јасно денеска,не е ново кога кажувам дека сојузниците се единствени дека постои опасност од ракети."

Оваа опасност според Американците не доаѓа од Русија,туку од држави како Иран и Северна Кореја,а ако не денес,тогаш во блиска иднина,можеби за неколку години,а за тоа треба да се биде подготвен.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на тоа може одново да аргументира –според него,европската безбедносна политика со ова ја изместува рамнотежата во вооружувањето.

Тој пред се со своите аргументи наидува на внимание во Греманија.Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер пред средбата потенцира колку се важни односите со Русија за неговата влада:

"Патем ништо не се менува во ситуација во која ние,Европа и Русија сме зависни едни од други за да можеме да си помогнеме во решавањето на конфликтите во нашата близина и глобално."

Дипломатите сметаат дека Русија можеби на крајот на долгиот процес сепак ќе попушти,но скапо ќе ја продаде својата согласност.

Кај темата Косово може да биде уште потешко.Русите се традиционални сојузници на Србите и затоа се против независноста на Косово,зашто стравуваат од слични процеси во Кавказот.Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и другите напротив мислат дека без вакво решение,ситуацијата меѓу Србите и Албанците на Косово може да излезе од контрола.