1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракометарките на Лајпциг и Баер на чекор до евро-финале

11 април 2005
https://p.dw.com/p/AelF

Женскиот ракометен клуб Лајпциг може да сонува за својата петта, а Баер Леверкузен за прва европска титула. Во првиот полуфинален натпревар од Купот на ЕХФ (Европската ракометна федерација) Лајпциг пред своите гледачи оствари неочекувано убедлива победа против унгарскиот претставник Грабопласт Ето од Ѓер 33 спрема 27 и сега со шест голови предност ќе оди на реваншот.

Баер Леверкузен во рамките на Челенџ-купот од гостувањето во Сплит се враќа со предност од 18 голови – победи со 38 спрема 20 и ревашнот ќе биде само формалност.

На Нирнберг и Букстехуде, пак, им се заканува елиминација од еврокуповите. Водечкиот тим во германското првенство Нирнебрг дома во рамките на Купот на победниците на куповите одигра само нерешено 31 спрема 31 со хрватскиот претставник Подравка од Копривница. Букстехуде во Челенџ-купот го победи Серкл со 22 спрема 20 и со „посна“ предност ќе патува на реваншот.