1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рамсфелд во Ирак

24 декември 2004

”На сите сум ви најдлабоко благодарен” Со овие зборови денеска во Ирак на американските војници им се обрати нивниот министер, Доналд Рамсфелд. Тој допатува во изненадувачка посета на Мосул, градот во кој пред само три дена во напад врз американска база загинаа 22 лица, меѓу кои 18 Американци, а околу 70 беа повредени.

https://p.dw.com/p/AcIr
Фотографија: AP

”За 10, 20 или 30 ќе направите ретроспектива и ќе знаете дека сте биле дел од нешто многу важно. Ве почитувам и ви посакувам убав Божик”, им рече американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд на своите војници во Мосул, собрани во една од палатите што некогаш му припаѓаа на Садам Хусеин. Рамсфелд оцени дека состојбата во Ирак во моментов е тешка. Споредувајќи ја со ситуацијата во Авганистан во периодот по падот на режимот на Талибанците, тој рече дека и Ирак има потенцијал за напредок. Околу претпоставките дека бунтовниците во Фалуџа успеале да им побегнат на американските војници и дека сега се во регионот на Мосул, Рамсфелд кусо потврди дека во ниту еден момент не се сомневал дека дел од бунтовниците дошле од Фалуџа во Мосул. Инаку, веднаш по пристигнувањето во Мосул, посета која како што тврди Рамсфелд била планирана и пред да се случи нападот врз американската база, тој ги посети персоналот и пациентите во воената болница во која се сместени повредените од нападот. Командантот на американските сили во Мосул, Картер Хем, изјави дека нападот веројатно го извршил бомбаш самубиец облечен во униформа на ирачката армија:

”Сметаме дека веројатно, сеуште не е сигурно, лицето било облечено во униформа на ирачакта армија, веројатно со елек полн со експлозив, што експлодирал во внатрешноста на објектот. ”