1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рамсфелд ја презеде одговорноста за злоставувањата во Ирачките затвори

8 мај 2004

Синоќа пред Одборот за одбрамбени прашања на американскиот Конгрес одговараше надлежниот министер за одбрана Доналд Рамсфелд

https://p.dw.com/p/AcNh
Рамсфелд пред Комисијата на американскиот Конгрес
Рамсфелд пред Комисијата на американскиот КонгресФотографија: AP

Рамсфелд им се извини на жртвите на злоставувањето, а изрази жалење и што не ги информирал на време претседателот Буш, пратениците на Конгресот и целата американска јавност.

“Овие настани се случија во моја надлежност, како министер за одбрана јас сум одговорен за нив и ја преземам полната одговорност. Моја обврска е да откријам што точно се случувало и оние кои грешеле да ги изведам пред лицето на правдата, како и да преземем мерки за такво нешто да не се случи повторно!“ - изјави Доналд Рамсфелд пред челновите на Комисијата за одбрамбено политички прашања на американскиот Конгрес.

Со оглед на размерите на скандалот надлежниот министер се почувствува принуден и да директно да им се извини на жртвите на малтретирањата, што ги извршиле војниците под негова команда:

“Се чувствувам страшно со оглед на тоа што им било направено на затворениците во Ирак. Тоа се луѓе, кои се наоѓале во притвор кај нас и нашата земја има обврска да ги третира со пичит. Тоа не го сторивме и тоа беше погрешно. На оние Ирачани кои биле малтретирани од американските војници им го нудам моето најдлабоко извинување!“

Министерот за одбрана вети и обесштетување за жртвите на малтретирање во ирачките затвори. Освен тоа, Рамсфелд призна дека ги потценил размерите на малтретирањето во затворот Абу Граиб:

“Дозволете ми јасно да кажам дека е моја грешка што пропуштив да сфатам колку беше важно да ги пренесам настаните со ваква тежина до највисоките нивоа, вклучувајќи го и претседателот на државата, членовите на Конгресот и целата американска јавност.“

Доналд Рамсфелд меѓутоа истовремено со тоа ги подготви членовите на претставничкиот дом на нови откритија, бидејќи постојат и други, се уште необјавени фотографии на измачувања, па дури и видео снимки. Запрашан од членовите на Комисијата дали не би требало да поднесе оставка со оглед на драматичното нарушување на американскиот углед ширум светот, но пред се во арапскиот свет, Рамсфелд одговори дека последните денови често размислувал за тоа, но дека ќе се повлече само ако стане политички неспособен за дејствување. “Поради политичка кампања не се повлекувам“ - додаде американскиот министер за одбрана.

Сенаторот на Демократската партија Карл Левин пред Комисијата посочи:

“Понижувањето и сексуалното злоставување немаат никаква врска со ефикасно испитување на затворениците. Напротив, такви дела имаат сосема контра продуктивен ефект!“

А неговата сопартијка, Хилари Клинтон, му префрли на Рамсфелд дека самиот им дал поттик на ваквите злоставувања:

“Господине министре, во јануари 2002-та, кога јавно прокламиравте дека стотици лица во американските затвори во Авганистан немаат никави права според Женевската конвенција, тогаш тоа беше сфатено како сигнал!"