1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот загинати во нападите во Ирак

16 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BUwf

Бројот на загинатите во терористичките напади во Ирак од пред два дена драматично се зголемува,од болнички извори се дознава дека починале околу 500 луѓе.

Атентаторите самоубијци дигнаа во воздух неколку товарни возила со експлозив,а нападите беа насочени против припадниците на религиозноот малцинство Јасиди.Во светот овој чин предизвика општа осуда.Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун најостро ги осуди атентатите. Со ништо не мoже да се оправда насилство против невини цивили,изјави тој.

САД тврдат дека зад нападите стои Ал Каеда.