1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на жртвите во Ирак

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJa

45 ирачани се убиени во северниот град Тал Афар, кратко по двете експлозии на камион бомби во градот во кои според последните информации 75 лица загинале а над 130 повредени. Болнички преставници изјавија дека во текот на ноќта примиле 45 тела на мажи кои биле со врзани раце и очи. Силите за безбедност воведоа полициски час во градот, низ кој патролираат оклопни возила.