1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на жртвите во Москва

9 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRk
Бројот на жртвите во атентатот во центарот на Москва се золеми на шест,а најмалку 13 лица се повредени, ги соопшти полицијата пред малку најновите информации. Иако претходно беше јавено дека терористичкиот самоубиствен атентат, кој се случи пред луксузниот хотел Национал, кој е на стотина метри од руската Дума и на тристотиниметри од Кремљ, го извршиле две жени, за сега не може до крај официјално да се потврдат. Медиумите пак јавуваа дека двете жени прашале случаен минувач каде се наоѓа Думата, а по неколку минути одекнала експлозијата. Полицијата смета дека експлозивот им се активирал порано. За градоначалникот на Москва Јури Лушков ова е терористички акт кој е насочен против новоизбраните парламентарци. Рускиот претседател Владимит Путин најави остра борба против терористите кои сакаат да ја раздрмаат рускиот демократски и економски развој:

"Делата на криминалците и терористите против кои мораме да се бориме се насочени против сето тоа. Ова се однесува и на денешниот напад", рече Путин. Најновиот атентат следи два дена по изборите во Русија на кои победи партијата која му е наклонета, но и по минатонеделниот напад врз воз во кој загинаа 44 лица, а за кој одговорноста ја презедоа чеченските бунтовници. На почетокот на јули, пак две чеченски самоубиствени атентаторки се разнесоа пред местото во Москва на кое требаша да се одржи голем отворен концерт, при што со себе однесоа 14 невини животи. Неколку дена подоцна полицијата откри друга Чеченка која сакала да се дигне во воздух на истата улица каде се наоѓа хотелот "Национал". При деактивирањето на нејзината бомба тогаш загина еден руски специјалец.