1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на жртвите во несреќата во Црна Гора

24 јануари 2006

Спасувачките екипи пронајдоа уште едно тело на патник со што бројот на жртви во тешката железничка несреќа во Црна Гора се искачи на 44.

https://p.dw.com/p/Ac9X
Географска карта на Србија и Црна Гора
Географска карта на Србија и Црна ГораФотографија: AP

Во меѓувреме продолжува истрагата за тоа кои се причините за несреќата што се случи откако возот на линија Бијело Поље-Подгорица се урна во кањонот Морача.

Повеќе од 180 патници се повредени во тешката железничка несреќа. Голем број од нив се деца. Директорот на клиничкиот центар во Подгорица изјави дека 50 од повредените се во тешка здравствена состојба и оти во текот на ноќта се извршени повеќе од 18 операции. Според извори од истрагата, несреќата најверојатно била од технички причини. Владата за тоа сеуште нема официјална потврда:

,, Неофицијално ни беше речено дека целосно бил расипан системот за кочење и дека тоа ја предиѕвикало несреќата.. иѕјави за Дојче веле Оливера Ѓукановиќ, портпаролка на владиниот кабинет.

Поради морална одговорност министерот за сообраќај и директорот на железницата поднесоа оставки.

„Жал ми е што за време на мојот мандат се случи ваква трагедија, но мислам треба да сносам одговорноста како министер и затоа се повлекувам, изјави првиот човек на Министерството за сообраќај Андрија Лопар.

Премиерот на Црна Гора Филип Вујановиќ несреќата ја опиша како најголема катастрофа за земјата. Претседателот Мило Ѓукановиќ, кој веднаш по несреќата го посети местото, изрази сочуство до семејствата на загинатите.

„Можеме да кажеме дека по несреќата сите надлежни служби реагираа многу професионално и ажурно и дека тоа веројатно го намали бројот на жртвите, зашто во рекордно кратко време им е укажана медицинска помош на сите на кои им беше неопходна“, рече црногорскиот претседател.

Апелираше и српскоцрногоракиот претседател Светозар Маровиќ.

,, Сега е многу важно да им се помогне на оние накои таа помош им е најпотребна,, рече Маровиќ.

Луѓето кои ја преживеаа велат дека уште не им се веруваа како можеле да останат живи, бидејќи возот излетал од шините со многу голема брзина.„Ги видов првите вагони на возот тотално уништени и луѓето како викаат. Изгубивме контрола, кочниците откажаа, прелетавме, јас преживеав. Има повредени, има и деца. Најверојатно остана без кочници, не знам што се случи“, велат преживеани патници.

Во Црна Гора поради несреќата, од денеска е прогласена тридневна жалост.