Расте бројот на жртвите од циклонот „Сидр“
17 ноември 2007Реклама
По налетот на циклонот „Сидр“ во Бангладеш постојано расте бројот на жртвите. Официјално до сега загинале 1000 лица, но стотици се уште се водат како исчезнати. Властите и спасувачките екипи во земјата стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми на неколку илјади. Огромен број куќи се разурнати а стотици илјади луѓе се евакуирани. ОН веќе испраќа помош за преживеаните. ЕУ одобри итна помош од 1,5 милиони евра, а германската влада стави веднаш на располагање помош од 200 000 евра.