1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте стравот од радијација

21 март 2011

Официјалниот биланс на жртвите од земјотресот и цунамито во Јапонија се зголеми на 8.450 загинати и близу 13.000 исчезнати лица. Кошмарот во атомската централа Фукушима не е завршен.

https://p.dw.com/p/10d8f
Наскоро тестирање на системите за ладење во ФукушимаФотографија: AP/Kyodo News

Меѓународната агенција за атомска енергија, во меѓувреме, соопшти дека има позитивен развој во загрозената нуклеарна централа Фукушима Даичи, но оти вкупната ситуација и натаму останува многу сериозна. Слична оценка изнесе и јапонската влада. Има подобрувања кај оштетените реактори во нуклеарката, но ситуацијата останува неизвесна, соопшти претставникот на владата Тецуро Фукујама. Јапонската агенција за нуклеарна безбедност, пак, истакна дека притисокот расте во најзагрозениот реактор број 3 и оти техничарите во централата размислуваат дали да го испуштат притисокот преку вентилите на реакторот, што би предизвикало дополнително излегување на радиоактивни честички во воздухот. Позитивна вест е што тие воспоставиле напојување со електрична енергија на реакторите 1, 2, 5 и 6 и планираат наскоро да започнат да ги тестираат системите за ладење на реакторите.

Symbolbild Atomkraft Radioaktivität Geigerzähler
Детектирањето на радијација во храната во Јапонија е многу посериозен проблем отколку што се очекувало, соопшти СТОФотографија: picture alliance/dpa

Светската здравствена организација, од друга страна, соопшти дека детектирањето на радијација во храната во Јапонија е многу посериозен проблем отколку што првично се очекувало. Најнапред мислевме дека овој проблем може да ограничи на 20 до 30 километри, но случаите на контаминиран зеленчук, млеко и вода за пиење во други делови на Јапонија ја прават ситуацијата далеку посериозна, изјави портпаролот на организацијата Питер Кордингли.

Автор: СН/ЕМФ/ртр/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска