1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте црниот биланс по земјотресите во Индонезија

16 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgNP

Бројката загинати од серијата земјотреси во Индонезија според последните информации изнесува 23 лица. Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по евентуално преживеаните под урнатините на стотици објекти. Голем број жители сеуште не се вратени во своите домови заради страв од повторни потреси. Најтешко беше погоден островот Суматра каде земјотресот со јачина од 8,4 степени според Рихтеровата скала предизвика и помали цунами бранови.