1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рахој ги негира обвинувањата за корупција

АТ/ афп/ дпа/ ртр2 февруари 2013

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги отфрли обвинувањата за корупција против него и неговата партија. Обвинувањата се лажни.

https://p.dw.com/p/17X3z
Фотографија: AFP/Getty Images

„Никогаш не сум примил или делел пари на црно“, изјави конзервативниот шпански премиер Маријано Рахој на седница на управниот одбор на владејачката Народна партија во Мадрид. На интернет страницата на Народната партија тој ќе ги објави своите даночни пријави, за да ги негира обвинувањата.

Според информации на весникот „Ел Паис“ Народната партија со години пари од претпримачи им исплаќала на партиски функционери. Весникот објави фотографии од ливчиња испишани со рака, на кои се забележани и суми за денешниот премиер. Според тоа Рахој во периодот меѓу 1997 и 2008 година годишно добивал 25.200 евра, пари кои пред се’ градежни фирми ги донирале на партијата. Шефот на партијата затоа го свика управниот одбор на вонредна седница.

Ќе се проверуваат и сметките на партијата

Рахој уште претходно соопшти дека не се однесувал несоодветно. Освен ова шефот на партијата најави екстерна проверка на партиските сметки.

Конзервативниот политичар од декември 2011 година е премиер. Од 2004 до 2011 тој ја водеше Народната партија, додека беше опозиција во земјата. Претходно од 1996 до 2004 година беше министер за внатрешни работи во владатта на премиерот Хозе Мариа Азнар.

Во понеделник Рахој во рамките на германско-шпанските владини консултации ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.