1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рахој е избран за премиер на Шпанија

20 декември 2011

Промена на власта во Шпанија - конзервативниот политичар Маријано Рахој е избран за нов премиер на земјата. Со тоа заврши седумипол годишното владеење на социјалистите.

https://p.dw.com/p/13WCf
Маријано Рахој денеска во парламентот, во МадридФотографија: dapd

56-годишниот Маријано Рахој, шеф на конзервативната Народна партија, доаѓа на место на социјалистот Хозе Луис Сапатеро. За него денеска (20.12) гласаа 187 парламентарци, а против беа 149. Воздржани беа 14 пратеници. Шпанскиот парламент има 350 места.

Рахој утре треба да го објави составот на владата. Новиот премиер сака да води строга политика на штедење, со што земјата би се извлекла од криза. При претставувањето на својата програма, Рахој рече дека владата ќе го намали бројот на слободни денови за вработените, ќе воведе забрана за вработувања во јавните дејности и ќе распушти голем број владини институции.

Хозе Луис Сапатеро во текот на изминатата година заштеди десет милијарди евра. Политичката цена за тоа е загуба на популарноста. Неговиот наследник Мариано Рахој, според проценки на експертите, ќе мора да заштеди три пати повеќе ако Шпанија сака да ги исполни ветувањата дека дефицитот во 2012 година ќе се намали на 4,4 проценти од брутодомашниот производ.

Автор: ЕМФ/дпа/дв

Редактор: З. Јордановски