1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рачан се повлекува од политиката

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEw

Лидерот на хрватската опозција, Ивица Рачан се повлекува од политиката. Тој поднесе оставка на претседателското место во Социјалдемократската партија поради тешка болест. На Рачан кон крајот на јануари му беше поставена дијагноза рак, а неговата здравствена состојба се влоши минатата недела. Рачан беше премиер на Хрватска од 2000 до 2003 година.