1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајна - река трансформирана во исконска водена патека

28 април 2008

Рајна е најдолгата река во Германија, позната по нејзината убавина, средновековните замоци и прекрасните лозови насади по нејзиниот брег. Но, не било така отсекогаш. Пред долго време, реката беше мошне загадена.

https://p.dw.com/p/Dq8y
Долината на Рајна кај КенигсвинтерФотографија: picture-alliance/dpa

Реката Рајна извира во Швајцарија, минува низ градот Базел, долж француско-германската граница, тече низ Германија и Холандија и се влева во Северното море.

Луѓето порано беа навикнати да гравитираат покрај Рајна за секаков вид забава, па дури и да пливаат во неа и покрај опасните струи. Во зима, кога дел од реката ќе замрзнеше, луѓето одеа по замрзнатите површини. Но, кога пред дваесет години се случи еколошката катастрофа во Швајцарија, многумина се откажаа од водите на Рајна. Експертите се прашуваа дали реката некогаш повторно ќе стане чиста. На неодамнешната прес конференција, Меѓународната комисија за заштита на Рајна процени дека реката повторно „оживува“.

Загадување со пестициди

Во 1986-та година се случи пожар во еден магацин на фармацевтската компанија Сандоз, во швајцарскиот град Базел. Како резултат на тоа, големо количество пестициди беа ослободени во горниот тек на реката Рајна, уништувајќи го притоа рибниот фонд и микроорганизмите во реката. Несреќата предизвика огромна загриженост во Европа. Фриц Холцварт, директор на Меѓународната комисија за заштита на Рајна, чие седиште е во Бон, изјави дека катастрофата предизвикала сериозна загриженост за животот во реката. „Можеме да кажеме дека Сандоз- инцидентот беше најлошото можно сценарио. Но, тоа наметна да се постигне договор за заштита на водите и покрена значајна политичка дебата“, рече тој.

Огромна задача

Ќе бидат потребни огромни напори пред реката да биде трансформирана во место каде луѓето ќе можат повторно да пливаат.

Burg Katz nahe St. Goarshausen am Rhein
Убавината на долината на Рајна привлекла многу благородници кои овде ги изградиле своите замоциФотографија: dpa

Постои огромен притисок од јавноста кон политичарите да покренат брза акција. Оттогаш, инвестициите за прочистување на индустриските и јавните води се зголемија на 60 милијарди евра. Локалните власти за таа цел инвестираат годишно по околу милијарда евра.

Ризикот од нов, драматичен инцидент беше минимизиран откако компаниите лоцирани во близина на Рајна преземаа заштитни мерки, со цел реката да се одржи чиста. „Меѓународната комисија за заштита на Рајна заедно со луѓето кои живеат во близина на нејзините брегови, има намера да овозможи подобри услови, за луѓето да уживаат во реката. Сакаме да ја вклучиме реката во нашите животи и во животите на нашите деца“, додаде Холцварт. За таа цел, беше направена пешачка патека меѓу Бон и Кобленц, долга цели 320 километри.

Рајна, на која лежат повеќе градови и која важи за река во близина на која живеат најголем број луѓе е прогласена за светско богатство на УНЕСКО. И покрај еколошката катастрофа од пред дваесет години, денес реката е дом на 60 видови риби.