1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс – Блиски исток

25 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKp

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, на почетокот на нејзината турнеја по Блискиот исток се заложи за сеопфатно помирување на Израел со арапските држави. На тој начин, би му било дадена поддршка на помирувањето меѓу Израелците и Палестинците, изјави Рајс на разговорите со нејзините арапски колеги. На средбата во египетскиот град Асуан, шефовите на дипломатиите на Египет, Саудсика Арабија, Обединетите Арапски Емирати и САД, разговараа за арпаската мировна иницијатива од 2002-та година, со која на Израел му е понудена нормализација на односите во замена за повлекување во рамки на границите од 1967 година. Израел своевремено ја отфрли ваквата иницијатива.