1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс во Берлин

agenturen + O-Ton6 декември 2005

По иритациите околу сомнителната пракса на американаката тајна служба ЦИА во Европа, германската сојузна канцеларка Ангела Меркел побара од САД да се придржуваат кон законите во битката против тероризмот.

https://p.dw.com/p/AcAj
Меркел и Рајс во Берлин
Меркел и Рајс во БерлинФотографија: AP

По првата средба со американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс откако е на таа функција, Меркел денеска ја подвлече и неопходноста од заеднички настап против оние што ги загрозуваат вредностите на слободата. Од друга страна изборот на средствата мора да биде таков за да соодветствува на демократските принципи на нашите земји, подвлече германската канцеларка на конференцијата за печатот во Берлин:

„Јасно соопштив дека компасот на мојата влада во надворешно политичките прашања е многу јасен. Нашата надворешна политика е во германски интерес, а во тој интерес спаѓаат како европското единство, така и трансатлантското партнерство. Овие два дела се заеднички„, рече Меркел и дополни:

„На министерката и соопштив колку е важно за нас ова партнерство кое базира врз заедничките врености: демократијата и демократските вредности кои се нашите најголеми придобивки и дека тие мораат да се бранат против сите закани. А, дека ги има видовме сега во 21 век. Се соочуваме со сосема нови закани што мораме да ги совладаме, а тие го одбележуваат и нашето партнерство„.

Пред средбата инаку која треба да послужи и како подготовка за посетата на Ангела Меркел на САД кон средината на јануари, за дебата се погрижија извешатите за транспортите на осомничени за тероризам од страна на ЦИА преку германските аеродроми. Притоа станува збор за прашањњето дали такви затвореници биле носени во тајни затвори во Европа. Според изјавата на Меркел, станало збор за случајот на одвлечениот германски државјанин Калед ел Масри од страна на ЦИА. Ел Масри, според извешатите, половина година бил во американски притвор во Авганистан. Кога се покажало дека е жртва на заблуда, тој бил ослободен. Според извештаите за ова биле информирани поранешниот германски министер за внатрешни работи Ото Шили и шефот на кабинетот и сегашен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер. Во врска со тоа Меркел изјави:

„Во конкретниот случај Масри јас реков дека би било добро сегашниот министер Штајнмајер од името на поранешната влада да му поднесе извештај на контролното тело на парламентот„.

Ова тело инаку, заседава тајно и во прв ред ги конторлира германските тајни служби. Меркел подвлече дека овој случај заслужува транспарентна информација.

Од своја страна Кондолиза Рајс за овој случај не зборуваше во детали. Меѓутоа, генерално призна дека американската влада секогаш е подготвена да ги коригира грешките ако се случат:

„Разговаравме за прашањата за кои постои интерес во јавноста. Јас на канцеларката и го повоторив она што го реков вчера дека САД не практикуваат измачувања. Тоа е против американските закони, како и против американските меѓународни обврски. Претседателот тоа многу јасно го истакна: американските луѓе оперираат во рамките на нашите закони, како и во согласност со меѓународните обврски„.