1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс на консултации во Берлин

18 јануари 2007

Додека се подготвува тројната средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас САД ќе организираат средба на Блиско источниот квартет.

https://p.dw.com/p/Ac02
Фотографија: AP

Ова е најважната најава на американската министерка Кондолиза Рајас, која вчера вечер во Берлин се сретна со нејзиниот германски колега по функција Франк Валтер Штајнмајер. За денеска е предвидена средба и со канцеларката Ангела Меркел во функција на актуелен претседавач со ЕУ.

На турнејата по Блискиот исток што штотуку ја заврши Кондолиза Рајс имаше одвоени средби со главните актери во израелско палестинскиот конфликт. Наскоро меѓутоа таа ќе седне со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и со палестинскиот претседател Махмуд Абас на иста маса. Во меѓувреме во Вашингтон ќе гостуваат високи претставници на Блиско источниот квартет, што го сочинуваат САД, ЕУ, Русија и ОН:

“Ќе минат неколку недели додека да се аранжира средбата Олмерт Абас. Може да биде корисно претходно да се сретне Квартетот, бидејќи има толку многу идеи како да се заживее мировниот процес во регионот. Но, ние не сакаме некаков концерт од различни предлози, туку координирано, заедничко настојување на меѓународната заедница и токму за тоа може да помогне кваретот“ - порача Кондолиза Рајс во Берлин.

Ова тело во последно време не беше активно, но сега се измени истуацијата, оцени домаќинот Франк Валтер Штајнмајер.

“Имаме разговори што треба да почнат меѓу премиерот Олмерт и претседателот Абас и Квартетот може во таква ситуација, кога страните во конфликтот почнуваат да ги обликуваат темите, да преземе важна функција на насочување.“

Штајнмајер во минатите месеци се обидуваше да внесе нов живот во Блиско источниот квартет, за што се заложи неодамна и канцеларката Ангела Меркел при посетата на Вашингтон. Главната улога во целиот процес сепак ќе мора да ја одиграат директно претставниците на Израелците и Палестинците, чија политичка волја ќе се види на најавената тројна средба со шефицата на американскиот Стејт департмент. Кондлиза Рајс во секој случај не ширеше претеран оптимизам во Берлин. Кај Палестинците владеачкиот Хамаз на премиерот Исмаил Ханија и Фатах на претседателот Абаз се се‘ уште на курс на конфронтација. А и позицијата на израелскиот премиер Олмерт не е многу стабилна по оставката на шефот на Генералштабот, Дан Халуц.