1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс стравува од концентрација на моќта во Кремљ

11 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5T

Неколку денови пред посетата на Москва, американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс критички се произнесе околу развојот на демократијата во Русија. Концентрацијата на моќта во Кремљ ја загрижува, рече Рајс во Вашингтон. Истовремено таа и префрли на руската влада дека направила уназадување во реформските процеси, и притоа особено се повика на ограничување на слободата на печатот.