1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакциите во Турција мешани

30 јуни 2005

Турската влада ја поздрави одлуката на Европската унија да се придржува кон планираниот термин за почеток на преговорите за членство на 3 октомври. Европската комисија вчера ги претстави таканаречените рамки за преговори за членство. Текстот не се разликува многу од заклучоците на самитот на Унијата од минатиот декември, се вели во Анкара. Независно од тоа, не само во ЕУ, туку и во Турција има силни струи к

https://p.dw.com/p/AcEN
Ердоан ќе ја очекува Меркел
Ердоан ќе ја очекува МеркелФотографија: dpa

�и евентуалното членство на земјата го посматраат многу скептично:

За сите турски телевизиски канали Брисел вчера беше изворот на нивната прва вест:

„Европската комисија ги донесе рамките за преговори. Евро-комесарот за проширување Оли Рен потврди: преговорите започнуваат на 3 октомври. Тој рече дека за полноправно членство на Турција нема да се реши пред 2014 година, зашто тоа е процес со отворен крај и резултатот не е гарантиран„.

А, репортерот од Брисел пренесе: нема лоши изнанедувања од бриселскиот фронт. Четири турски ТВ-канали директно ја пренесуваа прес-конфернцијата на комесарот Рен. Потоа започнаа вонредни емсиии на тема Европа со гости експерти:

„Европската унија и Турција се две општества кои се меѓузависни, во тоа сум сигурен. Колку побргу се разберат Турција и Европа толку побргу ќе се најдеме на ист пат. Не треба да шпекулираме за терминот на полноправното членство, зашто е јасно дека до 2013 година Унијата ќе работи врз сопствените поправки„.

Волку позитивни не се сите. И Турците разбраа дека пропадна европскиот устав. Турските карикатуристи ја претставуваат Европа како болен човек. Нов елан полека добиваат оние кои беа против членството на Турција во ЕУ. Некои Турци веќе славеа што европскиот проект е конечно мртов. Турскиот премиер Ердоан чија политичка судбина многу зависи од европскиот успех, во еден говор пред муфтиите уште пред решението на комисијата директно им се обрати на Европејците:

„Ако велите дека ЕУ не е христијански клуб, тогаш треба да ја примите Турција. Ако е Турција таму тогаш можете да кажете: Европа не е христијански клуб, туку место каде што се среќаваат цивилизациите„.

Ердоан е свесен за тежината на работата што ја очекува Турција:

„Проблемите со кои ќе се соочиме на патот кон ЕУ, не смеат да го стават под прашалник нашето решение да станеме полноправна членка. Тоа е суштинско заедничко решение на земјата, на државата и народот„ – подвлекува турскиот премиер.