1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакциите на невладините организации на самитот на Г8 се негативни

9 јуни 2007

Додека канцеларката Ангела Меркел говори за чекор напред, невладините и хуманитарните организации упатија жестоки критики на заклучоците од средбата на Г8.

https://p.dw.com/p/Apz7
Групна фотографија на учесниците на Г8Фотографија: AP

Големите индустриски нации и Русија се подготвени да преземат заеднички чекори против промените на климата, и тоа треба да се случи под капа на ОН – беше договорено во Хајлигендам. За Регине Гинтер, експерт за клима од WWF, ова е половичен успех: “Би предупrедиле на тоа дека не е потребна еуфорија. Навистина има решително придвижување, кое се состои од тоа дека годинава на Бали треба да почнат преговори за “Режим по 2012-та.„

Министрите за екологија, по Хајлигендам, конечно имаат мандат за сериозни преговори под капа на ОН, кои треба да почнат на Бали во декември и да траат само две години. Три години се потребни за ратификување на договорот, така што, по истекот на договорот од Кјото во 2012 година, би требало да стапи во сила нов договор. Во завршниот документ на средбата на Г8 се вели дека целите на ЕУ, Канада и Јапонија за преполовување на емисиите на издувни гасови до 2050 година треба да бидат земени сериозно предвид. Ваквата мека формулација не и пречи само на Сабине Гинтер од WWF, туку и на Кристоф Балс од Иницијативата север-југ Germanwatch: “Во формулациите има доволно стапици за од нив да произлезат уште бескрајно долги процеси на дискутирање.“

Уште појасни се критиките на невладините организации на заклучоците на Г8 за Африка. Според хуманитарната организација, Оксфам, ветувањето од 60 милијарди долари за борба против сидата, маларијата и туберколозата е чисто замачкување очи. Јерг Калински од Оксфам оценува: “Новите ветувања се делумно стари ветувања и ние навистина сме малку лути поради тоа што со голeма бројка се сака да се предизвика збунетост. Во Глениглс беше ветено дека до 2010 година ќе бидат ставени на располгање 50 милони долари за развојна помош. Пресметавме дека вака како што одат работите, таа цел ќе биде неисполнета за цели 30 милијарди долари. Кога сега ветените 60 милијарди долари ќе ги пресметаме до периодот од 2010 година и од нив ќе ги одземеме 30-те милијарди што нема да бидат исплатени, а предвидени се во Глениглс, ќе сфатиме дека се прави мал напредок, зашто ќе биде дадена помош од 27 милијарди долари.“

Ова беше фарса

Geldof, Bono und Youssuf N'Dour bei Merkel
Боб Гелдоф, Боно и Јусуф Н‘Дур на разговорите со МеркелФотографија: AP

Активистите за Африка, музичарите Боб Гелдоф и Боно, на самитот на Г8 во Хајлигендам гледаат како на фарса. Гелдоф изјави дека германската канцеларка, на средбата што ја одржа со нив двајцата, ги слушнала нивните предлози и барања, но сите ги отфрлила. Завршниот документ за Африка со наслов “развој и одговорност за Африка“, според Боб Гелдоф е циничен текст во кој се повторуваат старите ветувања: “Најбогатите земји на светот, билиони милијарди долари, собрани на маса, се смешкаат во тие глупави столови со риги во шеќерна боја. Направете ми услуга момчиња, бидете сериозни! Ова не беше сериозно. Ова беше фарса. Ова беше тотална фарса“, изјави луто Гелдоф.