1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на посетата на Папата во западните медиуми

29 ноември 2006

Реакциите во западната јавност на доаѓањето на Папата во Турција се позитивни.

https://p.dw.com/p/AdvV
Сепак повеќе политичка посета: Папата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган
Сепак повеќе политичка посета: Папата со турскиот премиер Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: AP

Така францускиот католички весник “Ла Кроа“ утринава пишува: “Папата се покажа како вистински понтифекс или градител на мостови, а не како некој кој носи раздор и поделби. Тој воспостави мост меѓу религозните заедници во земјата во која гостува. Земјата, што самата тврди дека сака да биде мост меѓу Истокот и Западот, меѓу Азија и Европа, меѓу културите и религиите. Политичарите и верските лидери мораат Турција сериозно да ја сфатат“ - порачува француски “Ла кроа“.

Шпански “Ел Мундо“ исто нагласува дека посетата на Папата на Турција има политички, а не религиозен карактер и дека му служи на помирувањето меѓу христијанството и исламот. Ел Мундо уште смета дека тоа не значи оти Папата треба да ја премолчи пораката до исламските земји оти треба да ја почитуваат слободата на вероисповед на христијанските малцинства кај нив.

Конечно “Њујорк тајмс“ бара Банедикт 16-ти паралелено со барањето за почитување на правата на христијаните во исламските земји да стави јасно на знаење дека и западните земји имаат уште долг пат до потполното почитување на правата на малцинствата во своите општества. Папата и неговите домаќини во Турција треба да продолжат на тој пат, наспроти сите разлики во мислењата. Турција мора да биде интегрирана во дебатата за малцинските и религозните права – нагласува “Њујорк тајмс“.