1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на Тачи и Сурои по гласањето

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CINN

Лидерот на опозиционата партија Демократска партија на Косово Хашим Тачи денеска порача дека овие избори не се поврзани со статусот на покраината бидејќи Косово ќе прогласи независност веднаш по крајниот рок за преговори 10 декември. Тачи според анкетите се смета за фаворит на изборите. Лидерот на ОРА, Ветон Сурои пак по гласањето ги повика граѓаните што помасовно да излезат на изборите. „Денешното гласање е важно за Косово бидејќи покажува дека сме во состојба и во моментите кога се одлучува за статусот, да организираме избори“, рече Сурои.