1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции од Македонија на изборите во Косово

19 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CJB2

Владата на Македонија го поздрави мирното споведување на изборите во Косово, и најави дека ќе соработува со секоја легитимно избрана влада во покраината, соопшти портпаролот на Владата Ивица Боцевски. Аналитичари во Македонија не очекуваат поголеми промени на односите меѓу Скопје и Приштина, по оддржување на изборите на Косово.