1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции по годишниот говор на македонскиот претседател

Александар Чомовски22 декември 2006

Дел од коалиционите партнери во владата го бојкотираа годишниот говор на претседатлот Бранко Црвенковски во Паарламентото. ПО говорото кабинеотот на претседателот со остра реакција.

https://p.dw.com/p/AdaE
Парламентот во Скопје
Парламентот во СкопјеФотографија: aptn

Полупразниот Парламент, отсуството на целиот кабинет на премиерот Груевски, додека говореше шефот на држава е само уште една потврда на неубедливата кохабитација меѓу владата и претседателот на државата во Македонија.

Нивната индиректна реторично писмена конфронтација се случи вчера попладне по годишното обраќање на Бранко Црвенковски. Тој е човек што ја узурпира позицијата рекоа премиерто Груевски и вицепретседателот на ДПА Мендух Тачи, коментирајќи зошто нивните владеачки партии и прламентарците го бојкотираа говорот на шефот на државата:

„Ваквото експозе е добра прилика да се потсети господинот Црвенковски дека изборите ги доби со употреба на сила, на насилство, оружје и фалсификат и полнење на кутиите. Ова е добра можност да го потсетитме за една таква работа, и една добра порака за иднината дека тоа не е добар начин да се добиваат избори и да се користат такви средства.“ „Збореше човек кој има само два посто рејтинг во нашата држава. Мислам дека работите ќе е смират, дијалог ќе има.“ рекоа Никола Груевски и Мендух Тачи по обраќањето на шефот на државата.

Владата се обидува да отвори уште еден проблем, да не го почитува уставот во односите со претседателот, потоа писмено реагирше кабинеотот на Црвенковски.

Претседателот на државата, вчера во парламентото, остро го критикуваше отсуството на политичкиот дијалог во земјата но и селективноста во борбата со криминалот. „Новата влада од самиот почеток на својот мандат, најави бескомпромисна и енергична борба против криминалот и корупцијата. Оваа битка против криминалот не смее да биде кампањска туку континуирана, не смее да биде селективна туку фронтална, не смее да биде пропагандна туку правна. Владата мора да се обиде да ја избегне замката, нејзините потези да бидат диктирани од дневен маркетиншки пристап и да се посвети на крајни цели и резултати.“

Јавноста во Македонија и меѓународната јавност ги виде луѓето кои го кочат дијалогот, реагираше поранешниот премиер Владо Бучковски. СДСМ кој иако нема добри релации со претседателот Црвенковски, остро му забележа на својот наследник премиерот Груевски Ова што го направи позицијата го засени обраќањето на претседателот Црвенковски и нанесе огромна штета на Република Македонија. Кога ќе се свести Груевски, кога ќе се свести владеачката коалиција дека се наоѓаме во најчувствителниот период на Република Македонија, и дека секој наш потег, немањето дијалог позиција - опозиција, немањето кохабитација останува зебележан во Република Македонија и од ЕУ и од НАТО.

Претседателот на државата натапи како лидер на опозицијата оцени по говорот лидерот на владеачката Нова социјал демократска партија Тито Петковски, кој сепак го следеше гоорот на Црвенковски во парламентот „Овдека видовме дури и многу конкретни проекти претседателот на државата критикуваше, а многу малку за сопствената улога во македонската реалност, и споствената улога за измината година односно 2006 на планот на одбраната, на планот на надворешната полтика, каде има исклучиви надлежности.“ рече по обраќањето на Бранко Црвенковски во парламентот Тито Петковски.

Вчерашниот бојкот на претседателт Црвенковски не е преседан. И во времето на загинатиот поранешен претседател Борис Трајковски тогашната опозиција СДСМ го игнорираше нарекувајќи го граѓанинот Борис се до почетокот на кризата во 2001 година и формирањето на тогашната голема владнина колаиција меѓу доминантните ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.