1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции по планот на Ахтисари

27 март 2007
https://p.dw.com/p/AgK9

Независност за Косово под меѓународен надзор, предлага специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари во конечната верзија која беше доставена до СБ на ОН. За Приштина ова е историски момент, а косовското раководство се надева дека СБ ќе го прифати предлогот без одолговлекување. За Белград независност е неприфатливо решение. И Русија повтори дека е против предлогот и се залага за продолжување на преговорите. САД, ЕУ и НАТО го поддржаа предлогот на Ахтисари кој ќе придонесе кон стабилноста на регионот и за иднината на Косово.