1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реални реформи наместо зборови

Александар Чомовски11 ноември 2005

Еврокомесарот за проширување Оли Рен во Скопје ја пренесе пораката од Брисел за Македонија, откако ЕК предложи кандидатски статус,но не одреди рокови за преговори

https://p.dw.com/p/AcBN
Фотографија: EU

„Рамковниот договор и демократската и институционалната стабилност се клучните комплементи за македонскиот пат кон ЕУ.“

Ова со студена прагматичност го пренесе евродипломатот Оли Рен пред владата,пред парламентарците и новинарите,пред кои ги наброја приоритетите за Македонија:

„Фер и демократски следни парламентарни избори,борба против корупцијата,ефикасна јавна администрација,економски развој и отворање на нови работни места.“

Оле Рен беше пречекан од претседателот Бранко Црвенковски и од премиерот Владо Бучковски одвоено.Еврокомесарот не пропушти да остави клучна порака во Скопје:владеење на правото,зголемени инвестиции,ефикасно судство и даночна администрација,скусени стечајни постапки,се очекувањата од седиштето на ЕУ во Брисел.

Тој одбегна да дефинира рок за преговори.

„Не сакам рокови за вакви суштински промени,не се потребни само зборови,туку и реални реформи“,Рен индиректно навести една деценија за реализација на 33-те поглавија во пет подрачја кои Македонија ги има како домашна задача.

Половина од нив Македонија без потешкотии може да ги реализира на среден рок во првите пет години,но за најмалку четири поглавја ќе требаат долгорочни промени,рече Оли Рен во Скопје.

Тој се сретна и со партиските лидери-Георгиевски,Ахмети и Џафери му потврдиле дека постои партиски консензус за евроинтеграцијата.

„Нормално,во овој краток разговор ја изразивме нашата позиција дека политичките партии во поглед на европската политика можат да критикуваат само за една работа,а тоа е не дали да бидеме дел од ЕУ,туку кој колку брзо може да ја внесе Македонија во ЕУ ,кој колку направил за тоа,рече екс премиерот Георгиевски кој го стави потписот на Спогодбата за асоцијација со ЕУ во Загреб.

Рен му сугерираше на Џафери ДПА да се врати во парламентот,а челникот на ДУИ Али Ахмети првпат на македонски со оценка-што побрзо да ги завршиме нашите задачи.