1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реал и Борусија - први четвртфиналисти

БГ/миа6 март 2013

Шпанскиот и германскиот првак, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се првите четвртфиналисти во фудбалската Лига на Шампиони, откако во синоќешните реванш дуели беа поуспешни од Манчестер Јунајтед, односно Шахтјор

https://p.dw.com/p/17r9O
Фотографија: Reuters

Фудбалерите на Реал од Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналето на гости го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:1. Меѓу осумте најдобри екипи на стариот континент влезе и Борусија Дортмунд која го победи украинскиот Шахтјор со 3:0. Во „финале пред финалето“ на Олд Трафорд, победникот го реши првиот стрелец на Реал и поранешен играч на Јунајтед, Кристијано Роналдо. Тој со голот во 69 минута ја запечати судбината на англискиот вицешампион.

Манчестер прв дојде во водство во 48. минута кога Серхио Рамос ја затресе сопствената мрежа. Но, осум минути подоцна се случи одлучувачкиот момент на мечот кога судијата Чунејт Чахир од Турција го исклучи играчот на домашните Нани по прекршокот врз Арбеола. Бројната надмоќ гостите од Мадрид ја искористија во 66. минута кога хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, многу бргу по влегувањето во игра, со гол од дваесетина метри му донесе водство и победа на Реал.

На вториот осминафинален натпревар што се одигра синоќа во Дортмунд, Борусија ја завршија целата работа околу пласманот во четвртфиналето за само шест минути. Фелипе Сантана ја доведе Борусија до водство во 31 минута, Геце во 37. ја удвои предноста, а конечниот резултат 3:0 го постави Блашчиковски во 59. минута.

Champions League Achtelfinale Manchester United Real Madrid
Судијата му покажа црвен картон на Нани (Ман. Јунајтед)Фотографија: picture-alliance/AP

На првите натпревари Реал и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 1:1, а без победник заврши и дуелот Шахтјор-Борусија 2:2.

Утре се играат уше два реванш осминафинални натпревара во Лигата на шампионите.

Јувентус му е домаќин на Селтик (на првиот меч беше 3:0 за Јувентус), а Пари Сен Жермен ја пречекува Валенсија (првиот натпревар го доби ПСЖ со 2:1).