1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Револтираниот Бошкоски одбива да даде исказ

БГ/макфакс26 јули 2012

Ексминистерот за внатрешни работи денеска одбил да даде исказ пред истражен судија откако беше осомничен дека е вмешан во убистбвото на познат рекетар во 2001. година

https://p.dw.com/p/15evh
Фотографија: AP

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски кој е осомничен дека е вмешан во убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001, кога бил министер, не дал исказ пред истражниот судија, бидејќи бил многу нервозен и револтиран.

Бошкоски се изреволтирал бидејќи кога го донеле во судот од затворот „Идризово“, за да даде исказ, истражниот судија не му предочил ниеден доказ против него.

Бошкоски се чудел како може против него да се води кривична постапка за толку тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку десет години до доживотен затвор, а нема докази.

Адвокатот на Бошкоски, Владимир Ракочевиќ во четвртокот поднесе жалба против решението за спроведување на истрага против Бошкоски, бидејќи за ова немало ниту вербални ниту материјални докази. Ракочевиќ вели дека засега нема предложено заштитен сведок за овој случај и дека ако судијата евентуално предложи тие ќе поднесат жалба.

Јавниот обвинител предложил притвор и за Бошкоски, но истражниот судија не прифатил, бидејќи Бошкоски веќе издржува затворска казна од пет години за нелегално финансирање на кампања и злоупотреба на службена положба.

За убиството на Тушевски и Јанев од пред 11 години се уапсени девет лица, од кои на четворица им е одреден притвор. Притвор им е одреден и на уште петмина кои се во бегство. Меѓу оние кои се во бегство има тројца Срби кои се сомничат дека се директни извршители на убиството.