1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Редовна средба на Меркел и Саркози

10 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BeIP

Канцеларката Ангела Меркел и претседателот Никола Саркози, денеска во Мезеберг крај Берлин се состануваат на редовини германско – француски консултации. На разговорите ќе се разгледа ситуацијата на Блискиот исток, во Авганистан и на Косово, соопшти владиниот портпарол Томас Штег. Минситрите за надворешни работи на ЕУ во текот на викендот на средбата во Виана до Кастело инаку не се спогодија на заедничка линија за прашањето за Косово. Меркел и Саркози во Мезеберг ќе разговараат и за турбуленциите на финансиските пазари. На состанокот ќе учествуваат и двајцата министри за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и Бернар Кушнер.