1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Резолуцијата за Македонија е реална и го одразува расположението во ЕП

14 март 2012

Европратениците со кои разговараше Дојче Веле сметаат дека Резолуцијата за напредокот на Македонија која денеска (14.03.) треба да ја усвојат во Стразбур е реална и го одразува расположението во Европскиот парламент.

https://p.dw.com/p/14KFR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Известувачот Ричард Хауит предложи три амандмани, со кои додава нов параграф во Резолуцијата, во кој се нагласува дека „отворањето на дијалгот на високо ниво меѓу Комисијата и Македонија на 15 март 2012, претставува чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата“. Оценувајќи дека „дијалогот ќе дозволи создавање на нови ангажирања во корист на реформите и зајакнување на меѓусебните односи во рамките на семестралните политички состаноци“.

Хауит, прави и дополнувања на текстот со настанатите промени, како околу значењето на перспективите за членството во НАТО и ЕУ. Пришто тој покрај самитот на НАТО во мај 2012, гои споменува и Советот на ЕУ во мај 2012, наметсо тој во март годинава. Тие според него „се значајна можност да се напредне.“ Хауит во резолуцијата ја става и најавата на македонската влада за декриминализација на клеветата.

Во предложените амандмани нема ништо за инцидентите кои изминатиов период ја брануваа Македонија. Но затоа пак грчкиот европратеник Николаос Салавракос, поддржан од Литванецот Роландас Паксас, бараат бришење од резолуцијата на терминот „македонски“, како и поздравувањето на успехот на македонските кошаркари на европското првенство.

Daniel Cohn-Bendit Bündnis 90/Die Grünen
Европарламентарецот Даниел Кон БендитФотографија: picture-alliance/dpa

Македонскиот идентитет, јазик и култура не треба да бидат ставени во прашање

Додека четворица европратеници од групата на Зелените предводени од Даниел Кон-Бендит го поздравуваат предлогот на грчката влада за сложено име за Македонија, со географска одредница, која според нив е добра основа за компромис, но под услов да не бидат ставени во прашање македонскиот национален идентитет, јазикот и културата.

Се разбира препораката за почеток на преговори останува во Резолуцијата, која се оценува како реална. Скоро сите европратеници со кои разговаравме во Стразбур нагласуваат дека клучниот проблем останува нерешениот проблем со името.

Резолуцијата се работела во позитивна атмосфера

Eduard Kukan
Европарламентарецот Едуард КуканФотографија: DW/Arben Muka

Словачкиот европратеник Едуард Кукан вели дека при разгледувањето на резолуцијата имало позитивна атмосфера. „Сите политички групи покажаа желба да се донесе резолуција, која ќе и помогне на Македонија на патот на европската интеграција. Се разбира, имаше и пратениците на некои земји кои имаа други забелешки или формулации. Но според мене изработивме текст кој ќе биде речиси конценсуален и резолуцијата ќе го одрази расположението во ЕП.“, истакнува Кукан.

„Во резолуцијата, нема ништо револуционерно и ново. Таа објективно ги посочува и проблемите и напредокот на Македонија во тој период. Таа, исто така го одразува и едно од прашањето, кое беше подигнато со претходниот извештај, односно употребата на терминот „македонски“ за јазикот, културата итн. Мислам дека ние покажавме дека имаме дијалог и дека ги почитуваме мислењата на нашите партнери“, нагласува ланскиот времен известувач за Македонија, бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин.

„Тоа е една чесна резолуција, во која проблемите и успесите се добро опишани. Проблемот за продолжување на процесот на евроинтегртациите постои, бидејќи прашањето за името и разликите со Грција не се решени. Тоа е апсолутен предуслов“, смета грчката европратеничка Мариа Елени Копа. Таа понатаму жали што не било најдено решение за името додека на власт во Грција била владата на Папандреу, бидејќи новата политичка ситуација во нејзината земја сега е посложена.

Bulgarien EU Europaparlament Kristian Vigenin
Бугарскиот европратеник Кристијан ВигенинФотографија: vigenin.eu
Jelko Kacin
Словенечкиот пратеник во ЕП, Јелко КацинФотографија: by-nc-sa/ALDEADLE

Резолуцијата е наменета за оние кои ја читаат, а не за нејзините подготвувачи

„Секоја резолуција е наменета за оние кои ја читаат, а не за оние кои ја подготвуваат. Тие кои што ја подготвуваат се усогласуваат за да дадат вистински пораки. Проблемите секогаш се појавуваат на страната на читателите. Колку повеќе читателите и земјата на која таа и е наменета ја разбираат пораката, таа е позрела за историски одлуки и за чекори нанапред. За да Македонија напредува, таа мора да донесе некои политички одлуки и да создаде концензус и мора да најде решение со својот јужен сосед за да добие датум за почеток на преговорите и пред се за да може да влезе во НАТО“, заклучува словенечкиот европратеник Јелко Кацин.

Автор Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски