1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордна цена за „Книгата на псалмите“

АТ/ дпа27 ноември 2013

На аукција во „Сотби“ во Њујорк беше продадена книга стара речиси четири столетија за 14,2 милиони долари. Таа е најскапата печатена книга во светот.

https://p.dw.com/p/1APVm
Фотографија: Reuters

Светот на уметноста одбележа нова рекордна цена за печатена книга: Еден од последните примероци на првата книга печатена на територијата на денешни САД е продаден на акуција за 14, 2 милиони долари (10,5 милиони евра).

Книгата „Bay Psalm Book“ - „Книга на псалмите“, печатена во 1640 година меѓутоа не ги исполни очекувањата на аукциската куќа „Сотби“, која нејзината вредност ја процени на 15 до 30 милиони долари.

Книгата ја купи инвеститорот, банкар и милијардер Дејвид Рубенстејн. Филантропот од САД соопшти дека сака да ја сподели книгата со јавноста. Таа треба да биде изложувана во музеи и да биде достапна за сите.

Книгата „Bay Psalm Book“ е англиски превод на еврејската „Книга на псалмите“. Аукциската куќа за неа вели дека е една од најубавите. Таа и припаѓала на црква во Бостон, која ќе ги прими и парите од наддавањето. Последен пат примерок од „Bay Psalm“ беше продаден пред 65 години.

Најскапа книга останува „Codex Leicester“, со белешки, скици и цртежи на Леондардо да Винчи. За неа основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс пред 19 години плати 30,8 милиони долари. Оваа книга е меѓутоа рачно напишана.