1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекорд до рекорд во туристичката 2018

Керстин Шмит
26 декември 2018

Туристичката бранша се се збогува од една успешна година. Во 2018 година е остварен глобален рекорд што се однесува до патувањата. Особено активни патувачи беа жителите на Азија и на Латинска Америка.

https://p.dw.com/p/3AR7N
Europa Italien Ruinen aus der Römischen Kaiserzeit
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/J. Tack

Годнината која завршува беше година со помалку страв од терористички напади и тоа се гледа по бројот продадени аранжмани за патувања во странство и општата побарувачка за овие патувања. Тоа е резултат на истражувањето на „World Travel Monitora®", кое го издава туристичката консултанска компанија ИПК Интернешнал.

Последниот квартал во 2018 година, за волја на вистината, сѐ уште не е анализиран (не е во конечниот биланс), но и без него годината е многу успешна.

Азија и Латинска Америка на врвот на листата

На врвот на листата, кога се работи за патувањата во странство, се Азија и Латинска Америка. Кај нив се бележи пораст од 8 отсто. На пат први тргнуваат Кинезите и Мексиканците - за да запознаат други земји и култури.

Подготвеноста на Европејците за патувања (во првите 8 месеци од годинава) порасна за 5 насто, а кај Северноамериканците за 4 отсто.

Kroatien Touristen
Фотографија: picture-alliance/PIXSELL/M. Cikotic

Враќање на обиколувачките патувања

Со години патувањата во големите градови бележеа раст, но тоа во 2018 година за првпат се промени. Стапката на раст е многу помала отколку што се очекуваше. „Причина за тоа се т.н. оувертуристи (кои ги „напаѓаат“ атрактивните метрополи), кои ги имаше секаде во медиумите во последно време, па поради тоа луѓето можеби и не сакаа да тргнат во посета на големите градови“, објаснува Ролф Фрајтаг од ИПК Интернешанл.

Затоа пак, од друга страна, профитираат аранжманите за капачите и оние кои сакаат да го поминат одморот на плажа - за првпат во последните неколку години тие по стапката на раст ги надминаа и посетите на големите градови. Освен тоа, класичните обиколувачки патувања се враќаат на голема врата - плус од 4 насто.

England York City Sightseeing, Touristen-Bus
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/J. Pigozne

Помалку страв од терор

Влијанието на теророт за однесувањето на туристите малку се намали, тврди ИПК. Во споредба со 41 насто (во истиот период минатата година), сега 38 отсто од меѓународните туристи велат дека последните предупредувања за можни терористички напади влијаат на нивните планови.

Само мал број луѓе е подготвен во целост да се откаже од патувањата поради терор. Од друга страна, стравот од терор влијае на порастот на атрактивност и побарувачка за цели кои се на глас дека се безбедни. Дестиниции со посебно добар имиџ се Швајцарија, скандинавските земји или Канада и Австралија. Но, од друга страна, негативниот имиџ по тоа прашање го поправија Тунис и Египет.

Турција закрепнува, Шпанија стагнира

Кога се во прашање патувањата во Европа, Турција со 30 насто повеќе гости е јасен победник. И Грција може да се пофали со пораст од 19 отсто. Хрватска, според податоците на Хрватската туристичка заедница, до крајот на ноември забележа 6 насто повеќе гости за разлика од истиот период во минатата година. Во исто време Велика Британија поради Брегзит бележи пад на туристи за 3 отсто, а по години постојан раст на број на гости Шпанија бележи стагнација.

Позитивен поглед напред

Стручњаците од ИПК и натаму предвидуваат позитивен туристички развој и за 2019 година, тие очекуваат раст од 6 насто. Светскиот патнички монитор се базира на половина милион репрезентативни барања во над 60 туристички седишта ширум светот, се спроведува повеќе од 20 години и важи за најголемо континуирано испитување од овој вид во светот.