1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рен ја критикува Русија околу прашањето на Косово

5 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bmry

ЕУ се подготвува да ја преземе од ОН важната мисија за контрола врз безбедноста и правниот систем на Косово, но за тоа и‘ е потребна јасна меѓународна рамка, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен. Тој изрази неодобрување на, цитат, “егоистичката едностраност“ на Русија, која се закани со вето во Советот за безбедност по прашањето на Косово. “Косово нема да стане 51-ва држава на САД, ниту, пак, Србија е повикана да се присоедини кон Руската федерација. Тоа би требало да е сериозна причина што ќе ги натера да работат заедно за наѓање одговорно и европско решение“, изјави Рен во Институтот за политички науки во Париз.