1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Референдумот за северот на Косово не е решение

30 декември 2011

Србите јужно од Ибар имаат разбирање за сонародниците на северот на Косово, но сметаат дека референдумот за изјаснување дали сакаат косовски институции или не, не е решение. Некои стравуваат од реакциите на Албанците...

https://p.dw.com/p/13bno
Фотографија: picture alliance/dpa

Ненад Цветковиќ, претседател на децентрализираната општина Партеш која е финансирана од владата на Косово, не може да верува дека некој и на тоа се сетил. Според него, тоа се прави во најлош момент, а со тоа ништо не се постигнува. Најдобро би било, вели, ако на Србите на северот на Косово им се организираат „слободни избори според косовски принципи и на тој начин изберат свои легални претставници“.

„Распишување референдум и такви глупости...Најголема штета ќе имаат Србите на северот, а воедно и српските граѓани. Мислам дека српската влада треба да реагира на нивните потези и да ги смени тие претставници или евентуално да ги згасне тие паралелни институции. Очигледно е дека паралалените институции се инструментот кој произведува проблеми, кои веќе никому не му требаат“, вели Цветковиќ.

Serbien Wahlen Wahlbüro in der Enklave Gracanica
Во Митровица, Звечани и Зубин Поток закажан референдумФотографија: AP

Губење време

И Марјан Шариќ, претседател на општината Ораховац, финансирана од Белград, се согласува со Цветковиќ. Тој го поддржува ставот на Министерството за Косово во владата на Србија дека со референдум не се решаваат проблемите на Србите на Косово.

„Тоа е губење време. Ние сметаме дека Србите кои живеат на северот на Косово и јужно од Ибар треба да ги зачуваат институциите на просторот на Косово. Значи, покрај институциите на локалната самоуправа, тука се и институците на здравството, образованието, социјалната заштита... Треба да работат на тоа тие институции да зајакнат, а не да ја трошат својата енергија и сила на други теми“, вели Шариќ.

Драгиша Лазиќ од Вучитрн аналитичар на косовските збиднувања и претставник нацивилниот сектор, смета дека до оваа долука не е дојдено ад хок. Тоа, вели тој, е „последица на погрешните проценки на она што се случуваше на северот на Косово, особено последните месеци“.

„Северот на Косово функционира од 1999-та година и тие луѓе се во таков амбиент. Тоа, мораме да признаеме, го прифати и меѓународната заедница и за време на УНМИК. Сега слушаме изјави на високи функционери на КФОР дека претставниците на општините се легални претставници, зашто ајде да бидеме искрени, на северот и нема други институции, па можеме да речеме дека тоа се легитимни претставници на народот. Од друга страна, го имаме движењето ’Самоопределување’, кое најавува дека од јануари ќе го блокира административниот премин на Мердаре. Мислам дека е тоа последица на преговорите кои се случија. Најновата одлика за слобода на движењето на населението се покажа како недоволно добра, па ја критикуваа и Албанците и Србите“,вели Лазиќ.

Anti-serbische Proteste in Pristina VETEVENDOSJE 2
Припадниците на „Самоопределување“ најавија блоада на МердареФотографија: picture-alliance / dpa

Страв на централно Косово

И граѓаните во суштина се согласуваат со своите политички претставници и сметаат дека не е време за референдум.

Алавомир Мириќ од Липљане се плаши дека тоа ќе предизвика немири кај мнозинските Албанци. Според него, било каква и да е одлуката на референдумот, нема да биде прифатена од страна на косовските власти, меѓународната заедница, а и официјален Белград се противи на тоа.

„Се надевам на најдобро и мислам дека нема да дојде до референдум зашто сега можеби властите од Белград ќе ги убедат Србите на северот на Косово да го сменат своето мислење. Со тоа и нам, на Србите јужно од Ибар, би ни‘ ја олесниле ситуацијата. Имено, сите случувања во Северно Косово, како безредијата, барикадите, се рефлектираат и врз нас. Припадниците на мнозинскиот народ, кога е таква ситуацијата, вршат некој вид одмазда. Така, по секој протест на север, месниот свештеник, инаку наш сограѓанин, го пресретнуваа Албанците на патот, го влечеа за мантијата, го исфрлаа од автомобилот, има некоја наелектризираност. Мнозинската заедница смета дека Србите немаат право на ампутација на тој дел на Косово, иако секој народ има право на самоопределување“.

Советниците од општина Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток решија на 14-ти и 15-ти февруари да се одржи референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат дали ги сакаат косовските институции или не.

Автор: Рефки Алија/ Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски