1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремена пензија

29 декември 2011

Се’ повеќе вработени лица во Германија заминуваат порано во пензија прифајќи со тоа дека ќе имаат и пониски пензиски примања. Во просек секој работник кој порано ја напуштил работата месечно добива 113 евра помалку.

https://p.dw.com/p/13bHv
Фотографија: Fotolia/cammer

Според статистичките податоци со кои располага Сојузниот фонд за пензиско осигурување на во 2010 година во пензија заминале 674 илјади луѓе. Повеќе од 47 насто од нив или 320 илјади примаат помали пензии бидејќи не работеле до 65 -та година од животот односно до старосната граница по која според актуелниот закон може да се замине во редовна старосна пензија во Германија. Во просек секој пензионер кој заминал во предвремена пензија прима 113 евра помалку.

Предвремената пензија води во сиромаштија 

Само пред шест години уделот на оние кои одат во предвремена пензија во вкупната бројка на пензионери во Германија изнесуваше 41 насто а пред 11 години само 14 насто. 

Deutschland Rente mit 67 älterer Arbeitnehmer Maurer auf einer Baustelle
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Ситуацијата меѓутоа ќе стане уште полоша со оглед дека Германија ја зголемува старосната граница за заминување во пензија од 65 на 67 години. Со почетокот на 2012 тоа ќе започне да се одвива постепено и до 2029 година сите работници ќе можат да одат во редовна пензија само со навршени 67 години.

„Опасноста од сиромаштија во староста ќе расте“, предупредува Улрике Машер, претседателка на Социјалниот синдикат ВдК. Таа за денешното издание на весникот „Зидојче Цајтунг“ истакна:

„Притоа ни пазарот на труд ниту политиката на големите претпријатија не даваат назнаки ќе стане нормална работа заминувањето во пензија дури по исполнувањето на старосната граница“.

Германците се пензионираат постари од голем дел други Европејци

На работите слично гледа и Анели Бунтенбах од раководството на Германскиот сојуз на синдикати: „Продолжување на работниот век до 67 години е врпочем намалување на пензиите, бидејќи вработените немаат шанса да работат ни до 65-та година“. Таа бара работодавачите кои не водат сметка за здравјето на своите работници да им платат надомест на оние кои имаат финансиски загуби поради предвременото пензионирање.

Според едно истражување на Европската Унија, Германците  во пензија во просек заминуваат кога ќе навршат нешто повеќе од 61 година. Тоа сепак е повеќе отколку голем број жители на други земји од Унијата . Французите и жителитена некои источно-европоски земји-членки на ЕУ се пензионираат релативно рано со 59 години додека Ирците, Бугарите и Романците одат во пензија значително подоцна со 64 години. Севкупно меѓу 2001 и 2008 година во 27 земји-членки на ЕУ просечната старосна граница  со која луѓето заминуваат во пензија се зголемила од 59,9 на 61,4 години.

Автор:СН/дпа/дапд/дв

Редактор: Борис Георгиевски